Омиленото парче од 90-тите оваа сезона се враќа на голема врата и тоа не само како гардероба за тинејџерки. Благодарение на Ријана и Ен Хатавеј, тоа доби нов, висок моден статус, што значи дека може да се носи и на најгламурозните настани.
Ако нешто ве влече кон кратката маица, а не сте сигурни како безболно да го носите овој тренд, еве неколку работи што треба да ги знаете:
ДА
Да, нека биде едноставно. Впечатливите принтови и украси по рабовите треба да се избегнуваат.
Да, носете ја со гардероба со длабок струк, особено pencil здолништа и cigaret пантолони. Поентата е да се покаже по некое ребро, но не и цел стомак.
Да, бирајте кратка маица од цврст материјал. Имајте на ум модерно и минимал.
Да, чувајте ја својата чесност избегнувајќи го деколтето. Длабокиот рез од двете страни едноставно е премногу.
Да, правете стомачни вежби. Убаво тонираниот стомак е клучен елемент.
НЕ
Немојте да му угодувате на скриениот хипик во себе си. Психоделичните шари, везовите и пришиените украси се надвор од мода.
Не носете ништо што е пократко од 2 сантиметри над папокот. Се работи за кратка маица, а не за градник.
Немојте да ја носите на работа. Постои место и време за откаченост, а салата за состаноци не е тоа.
Не ја носете со плитки фармерки. Освен ако не сте Миранда Кер, во тој случај веројатно е во ред.
Не ја носете со жешки панталончиња, освен ако не одите на некој музички фестивал.


You must be logged in to post a comment Login