• Сподели на:

Кожени шорцеви

___

Меѓу доминантните трендови за претстојната сезона, дефинитивно се врбојуваат и кожените шорцеви. Иако можеби делуваат помалку страшно и комплицирано за комбинирање, овие шорцеви се навистина шик и заслужуваат место во вашиот плакар.

Не е точно дека кожени шорцеви секогаш изгледаат нападно и секси. Ако ги искомбинирате со смирени парчиња, може да изгледате навистина лежерно и отмено. Клучот при одбирање на парчиња што ќе ги носите со кожените шорцеви е во едноставноста и умереноста.

Овие шорцеви изгледаат најдобро кога се во варијанта со висок струк. Носете ги со наједноставна бела или црна маичка на прерамки и блејзер во неутрална боја. Во постудените дождливи денови, слободно комбинирајте ги со хеланки или дебели хулахопки и чизми до глуждовите, а на жешкото сонце носете ги со штосни римјанки или балетанки со светликави нитни.

Во вечерните пригоди, комбинацијата од кожени шорцеви, едноставна кошула и класични високи потпетици ќе ви даде безвременски изглед. Задолжително носете ги со црвен кармин на усните и благо нашминкани очи.


Оставете коментар

___