Синоќа се одржа ревијата Yeezy на Каније Вест, каде што освен новата колекција, тој го промовираше и неговиот нов албум „The Life of Pablo“. На ревијата се појавија уредничката на Vogue, Ана Винтур, супер-моделот Карли Клос, Џејден Смит, Џиџи и Бела Хадид, момчето на Кајли, Тајга, пријателот на Ким, Џонатан и нормално целиот клан Кардашијан-Џенер.
Додека претходната колекција беше исполнета со мрачни бои, овој пат Каније се решил за неутрални нијанси, како на темни така и на светли бои почнувајќи од светли нијанси на жолто, кафено, сино па сè до црно.
Главна на модната писта беше неверојатната Наоми Кембел, која опуштено се движеше облечена во црн комбинезон и долго крзно.
















You must be logged in to post a comment Login