• Сподели на:

Геометрија од жешкиот Бразил

___

Силни бои кои се сечат со остри линии, лелеави материјали и геометриски дезени што го најавуваат врелото лето исполнето со многу фантазија. Станува збор за најновата колекција на дизајнерот Ronaldo Fraga која ви ја пренесуваме директно од Модната недела во Сао Паоло.

Интензивно портокаловата во комбинација со жолтата и сината боја ја носат целата топлина на претстојното лето и Бразил. Нагласената геометрија е претставена преку остри линии под кои се комбинираат силни бои, истакнувајќи ја женственоста, а посебно деколтето.

Додека Fraga си поигрува со изрезите на своите парчиња кои го истакнуваат вратот и рамената, едноставно и вие добивате желба да си играте, бидејќи летото е на прагот.

Тенките, лелеави материјали, разиграните, украсни рабови и принтовите, кои наликуваат на акварел, потсетуваат на летната авантура на модерната Алиса во земјата на чудата.

Ако на тоа го дададете фантастичниот избор на шешири, накит и модни додатоци, тогаш ова возбудливо патување би можело да потрае и во тек на целата година.

 


Оставете коментар

___