Скоро 4 години Сајмон Прирс и неговите соработници собирале нитки од ендемски видови на пајаци кои произведуваат златни нитки, а живеат на Мадагаскар, со цел да го направат единствениот златножолт капут.
Иако изгледа како обичен капут, ткаенината го прави единствен во светот. Сајмон Пирс го направил овој капут од нитки кои ги произвеле повеќе од милион пајаци. Златножолтата боја доаѓа од самите нитки.
Работниците секојдневно ги собирале нитките од пајаците . Одкако завршиле, пајаците ги вратиле назад во дивината. Капутот може да се види во лондонскиот музеј “Викторија и Алберт”, од 25ти Јануари до 5ти јуни.

You must be logged in to post a comment Login