По капсулната линија презентирана на почетокот на годинава, холивудската актерка Камерон Дијаз ја лансира своја прва целосна сезонска колекција на модни додатоци за брендот Pour La Victoire. Русокосата убавица, која од минатото лето е креативен директор на PLV Studio, дизајнира колекција чевли и чaнти за актуелната сезона. Застапени се чизми до глужд со потпетица во црна, црвена и сива боја, ниски пресечени чизми, како и сандали во неколку бои за свечени пригоди. Моделите се елегантни и удобни, наменети за повеќе сезони.
-Кога почнав да работам колекција на чевли за Pour La Victoire во тренд беа модели со високи платформи, кои јас обично не ги носам, бидејќи и онака сум доста висока. Преферирам функционални чевли. Затоа и на тоа се базира линијата, на функционалност. Кога сум во Њујорк најчесто носам рамни чевли. Доколку набавам добар чифт високи потпетици со кои можам да шетам низ град, ги изнаносувам. Но, во Лос Анџелес, бидејќи постијано сум во автомобил, почесто носам чевли со високи потпетици. Навистина сакам чизми со високи потпетици, а со оглед на тоа што често брзо се движам, сакам модел кој ќе остане на мојата нога . Чевлите што ги дизајнирав за Pour La Victoire се функционални во таа насока, сакав да направам модел што изгледаат добро и ќе останат на нога така како што треба, без многу преместувања -вели Дијаз.






You must be logged in to post a comment Login