• Сподели на:

Две војнички комбинации на Џесика Алба за совршен дневен изглед

___

Доколку не знаете како да носите војничка јакна во лето, учете од Џесика. Алба е една од најдобро облечените дами во светот, а тоа особено важи за нејзините дневни комбинации кои лесно можете да ги ископирате во сопствена режија, со помош на моделите кои ви се на располагање.

33-годишната бринета секогаш има одличен стил, а се добива впечаток дека тоа го прави со неверојатна леснотија. Препознатлива е нејзината вечна доследност на беспрекорниот изглед. Тоа е Џесика!

Овојпат повторно нѐ воодушеви, бидејќи успеа војничка јакна која повеќето од нас ја оставаат на „таван“ кога ќе се зачестат топлите денови, да ја комбинира со летни парчиња, создавајќи две совршени дневни комбинации.

Првиот пат ја забележавме во цветна, црвено-бела миди сукња, која Џесика ја надополни со бела блуза и војничка јакна во маслинесто-зелена боја. Глумицата го надополни овој шик изглед со кожна торба во боја на мед, платформи со кожни ремчиња во слична кафена нијанса и пуштена, благо извиткана коса. Идеална комбинација за шопинг и поладневен ручек, ако нѐ прашате.

1

Подоцна во денот, Џесика ја комбинираше истата јакна со ¾ фармерки, црна маица, шешир и мала, кожна ташничка во иста боја и кратки, рамни римјанки.

 

2

Која комбинација ви се допаѓа повеќе?


Оставете коментар

___