Стела Макартни неможела да оддолее на новиот филм на Џоли, па во соработка со неа дизајнирала лимитирана колекција на детски волшебни фустанчиња, кратки пантолончиња и патики.
Познатата холивудска глумица Анџелина Џоли решила да ги здружи силите со Стела Макартни и тимот на Дизни и заедно осмислија линија на детска облека која е инспирирана од најновиот филм на Анџелина Мaleficient.
Добро, не е баш неочекувано земајќи во предвид да Анџелина е сестрана жена ама и мајка на шњст деца. Во секој случај, британската дизајнерка и Џоли се потрудиле да направат крајно симпатични, луцкасти модели.
Додека на Аџелина и Стела ова им е прва соработка, Стела и Дизни соработуваат веќе по трет пат. Првиот пат, британската креаторка осмисли кампања за Бамби ликовите (2009), додека пред 4 години направи колекција на накит заедно со Дизни тимот за филмот Алса во земјата на чудата. “Секогаш сум била фан на цртаните филмови од Дизни фамилијата, како и мојата мајка која ми ги пушташе постојано. Кога ми се отвори прилика да работам костими, посебно кога Анџелина ме викна на сет, бев одушевена и веднаш се согласив,“ Изјавила Стела за порталот WWD.
Комплетната колекција ќе биде во продажба од април, месец дена пред премиерата на филмот Maleficent која е закажана за 30 мај.
Во колекцијата ќе има осум различни модели, од светликави, виолетови принцез фустанчиња, преку маици со лик на змеј до детски сандалчиња и патичиња за деца од 4 до 14 години. Цените ќе се движат од 75 до 185 долари, а 10 проценти од продажбата ќе оди во фондот SOS Children’s Villages (СОС детско село), организација која се занимава со вдомување и грижа на незгрижени деца.
Хумано и убаво! Идеална комбинација



You must be logged in to post a comment Login