Дебитантската ревија на Nicolas Ghesquiere за Louis Vuitton на модната недела во Париз беше вистински триумф на сексипилна женственост и една од најдобрите есенски колекции што сме ги виделе до сега.
Женственост и провокативност. Новиот LV look е спремен за облекување со chic панталони со висок струк и сјајна кожа, комбинирани со свиленкаста блуза во крем боја. Кратките твид и кожни здолништа со крој A се особено ефектни во комбинација со елек и кожни каиши. Ролките се исто така едни од клучните модели во колекцијата, но и капутите со песок боја.
Принтот кој личи на мозаик кој Nicolas го аплицирал на капутите, блузите и елеците служи како контраст на сјајната кожа и красичните кроеви.
Паретата во бои на есента, од згаснато зелена до цигла портокалова и песок боја со додадени сјајни и метални нијанси.
Секако не смееме да ги заборавиме додатоците кои се подеднакво важни во царството LV. Додека Jacobsov-ата ера ги нагласуваше стиловите на Kate Spade, Ghesquiere одлучи да се врати малку во минатото и да комбинира чанти со твид и кожа.








































You must be logged in to post a comment Login