Новиот фустан никогаш нема да изгледа толку ново како кога ќе го купите, а кошулите никогаш нема да имаат толку цврсто сошиени копчиња.
Па, се поставува прашањето дали навистина е неопходно сепак да ја испереме штотуку купената гардероба пред да ја облечеме.
Одговорот зависи токму од вас и од тоа колку сте плашливи и гадливи.
Но, според мислењето на професорот Доналд Белсито кој работи на Универзитетот Колумбија, новата гардероба не е доволно чиста за да може веднаш да ја носите.
Белсито, во изјава за „Вол стрит журнал“ објаснува дека формалдехидот, фабричката боја и останатите хемикалии може д апредизвикаат одредени алергиски реакции, но се разбира дека не се сериозна закана по здравјето.
Меѓутоа на овој начин може да се пренесат некои кожни болести, лишаи и габички бидејќи вие не знаете кој пред вас го пробувал тоа парче гардероба кое сте го купиле – истакнува докторот Белсито.
Според неговото мислење, кабината не е единствено место каде луѓе имаат допир со гардеробата, тука се и фабричките и текстилните работници кои учествуваат во нејзината изработка.
Белсито вели дека и тој самиот првин ја переновата гардероба пред да ја облече. А понекогаш ја пере и по двапати.

You must be logged in to post a comment Login