• Сподели на:

Црно-бeла комбинација која едноставно ја обожавамe

___

Доколку денес сакате да изгледате сензационално, но немате идеа што да облечете на работа или лежерно дружење во град, размислете за класична комбинација од црн фустан и бели патики.. Оваа класика ја вадиме од плакарот секогаш кога сме во модна криза и немаме идеа што да облечеме, а резултатот секогаш е одличен. Бројни модни уреднички, street style ѕвезди и блогерки ја обожаваат оваа комбинација затоа што во неа можат да се појават секаде и да остават дојам на fashionist-ки. Со добар мејкап, совршено стилизирана коса, и модерна ташна – оваа комбинација функционира во сите прилики и никогаш не излегува од мода.


Оставете коментар

___