Пелерина, палто во форма на наметка, пончо или кебе наметнато над другата облека се новите начини на зимско облекување. Ова е едноставна формула за урбан и трендовски изглед, а преовладуваат наметки со меки линии, флуиден крој и стилови кои лесно се комбинираат со другите зимски парчиња. Магазинот Porter и стилистката Маја Зепиниќ ви предлагаат четири идеи како зимава да носите трендовска наметка.
СЕН ЛОРАН

Класичната едноставност на фармерките и белата кошула е разиграна со пелерина комбинирана со мала ретро чанта и црна шапка. Целиот изглед е на Хеди Слиман за „Сен Лоран“
AGANOVICH

Долг и лежерен капут со форма на наметка од Aganovich кој може да се носи и во дневни пригоди и да се комбинара со облека што е спој на машко-женски елементи. Панталоните се од Bally, кошулата од Coach, чизмите од „Живанши“, а чантата од „Ланвин“
ЕРДЕМ

Готичкиот изглед на пелерината од Ердем е омекнат со романтичниот стил на белиот фустан од Викторија Бекам и елегантниот накит од „Диор“
PAULE KA

Макси наметка во две бои од брендот Paule Ka под која ѕирка краток фустан од Александра Рич. Стајлингот е дополнет со чизми од Hugo Boss, чанта од „Ланвин“ и накит од „Етро“

You must be logged in to post a comment Login