• Сподели на:

Chanel очила- шик детаљи за оваа сезона

___

Uber šik Plein Soleil 2016 со  шик колекцијата очила на овој бренд е оддаден почит на своите иконски кодови- двотонски дизајн и синџир…

Оваа модна куќа креираше две оригинални приказни за светлината и сенката, при што секој пар диоптерски очила или пак очила за сонце, претставува прелевање на спектар на бои од јаки до транспарентни бои.

Во прилог на класичните црно-бели очила, можете да ги погледнете новите очила во црно-кремаста, црно и бордо, плаво-зелени детаљи , со правоаголни, коцкасти, мачкасти рамки на очила, како и екстра голем дизајн.

Лесни и удобни, очилата на брендот Chanel, погодни се за секого и за секаква прилика. Леќите на овие очила претставени се како мат или во многу ексцентрични модели изработени од рутениум,сребро или злато ,како и од метални детаљи на кои е вметнато името на брендот Chanel.

Оптичките рамки се достапни во правоаголна форма и ехиден, додека очилата добија нешто повеќе елеганција за ретро заоблени и детаљи со пепрутка. Почнувајќи од овој месец , Chanel Plein Soleil 2016 колекцијата, веќе е достапна за да ја набавите во било која продавница за очила каде што се продава овој бренд, се што треба да направите вие  е да го одберете вистинскиот модел и стилот на очила кој најдобро ви одговара.

 


Оставете коментар

___