Новиот, сензуален стил е совршен за музата на 21 век, подготвена лежерно да го нагрне рачно насликаното платно и да тргне да го освојува светот .
Сериозниот и строг мантил на кој бевме навикнати на модната куќа ” Burberry “, минатиот викенд, се претвори во лесен капут како направен од органдин, на кој импресионистите ги насликаа своите најголеми дела.
Ревијата која Кристофер Бејли, генералниот директор на Burberry и клучен креативец, ја оркестрираше за Лондонската Модна недела е и неговиот настап на 17 февруари 2014, беше вистински чекор напред во споредба со она што е видено на пистите во последните сезони. Очигледен авантуристички апетит, велат сите, во согласност со основниот дух на брендот, а “Blооmsbury Girls” како што е името на ревијата -го донесоа духот на писателите, уметниците и мислителите кои биле врвни арбитри на естетиката на почетокот од минатиот век. Рачно насликани материјали, лежерни кроеви на капути, драпирани форми… облечете се со вашите омилени парчиња облека и дојдете со нас на ревијата … фотографиите се во галеријата!

You must be logged in to post a comment Login