Брошот неодамна се врати на голема врата, а неговото присуство продолжува во текот на есен / зима 2015-16 година.
Доаѓа во различни форми , елегантен како што ги видовме на ревијата на модната куќа Баленциага, футуристички ориентиран како кај Келвин Клајн, ретро варијанта кога станува збор за Шанел или како романтичен парче што е претставено од страна на Прада.
Се носи на палта, но исто така и на викторијански блузи, кои се дефинитивно дел од сезоната.
Големи варијанти, со циркони, металик или некои други бои, брошот е тука за да ги разубави и наједноставните парчиња облека и да ги освежи мрачните денови.

You must be logged in to post a comment Login