• Сподели на:

Бежови модни комбинации

___

Светло кафено, беж, крем и сè помеѓу се „ин“ нијансите за оваа пролет, неутралните земјени тонови кои креираат модерен и софистициран изглед. 

Kaко да носите беж оваа пролет?

Сите тонови на светло кафено-беж-крем се дефиниција за ненаметлива елеганција, или можат да креираат сладок бохо стил, во зависност од тоа како ги носите.

Нијансите на беж изгледаат чисто, свежо, рафинирано и луксузно. Миксот од сите кожа-боја нијанси во себе носи одредена женственост и минимализам со тон на гламур и боемски вибрации, без да биде наметлив.

Овие бои oддават квалитет, особено кога ги носите со храбар кармин, класични високи потпетици со тенка штикла, и аксесоари кои изгледаат скапо. Замислете си „кожа боја“ молив сукња, свилена блуза во истата боја, златен чокер, беж потпетици и храбар кармин. Совршено за во канцеларија, совршено и за пијачка после работа.

Нијансите на беж совршено одговараат и со тексас и бело, сино или црвено, а изборот најмногу зависи од вашиот личен стил.


Оставете коментар

___