Ова беше моќна колекција во која Wang се ослободи од дебитантските стеги играјќи си со патенти, широки мантили, болера и суперслим пантолони….
Третата колекција на Wang за луксузниот фрнацуски бренд покажа дека Alexander и Ghesquiere делат сличен, кул пристап кон модата, потпирајќи се на желбата на купувашите, но и на своите истенчени стандарди за мода.
Есенската колекција на Баленсиага првенствено е хомогена, моќна колекција со архитектонски крој, елегантни палети, заоблена линија на рамената, во која доминираат суперслим пантолони, ролки, капути и свилени блузи полни со набори.
Грациозниот футуризам во кој главните детали беа интересните патенти, но и сокетот кој триумфално се врати на модната сцена благодарение на Wang.
Ревијата беше отворена со серија импресивни волнени капути и јакни со патенти кои формираа иксови или како набори како линиии долж целата должина на пантолоните.
Иако видовме доста интересни фустани исто така со патенти, вниманието најмногу ни го привлекоа фантастичните капути со заоблени рамена и ролки, како вилнени така и свилени (асиметрични) кои Alexander ги споил со волнени болера опшиени со бисери и перли (Жизел момент).
Носењето на двојни торби очигледно е тренд кој го запазил и Wang, како и длабоките чизми со тенка потпетица.



















You must be logged in to post a comment Login