Колекцијата е претставена со структурни силуети во комбинација со парчиња облека со одредена доза спортска естетика. Палетата на црна, бела и сива боја ни претставува едноставни и елегантни линии на оваа колекција, со форми на кожурец. Јакните и палтата се направени од волна, со детали налик на крила и мрежа. Што се однесува на вечерната гардероба, Ванг дизајнираше црн свилен фустан, во чест на основачот на брендот, Кристобал Баленсијага, која претставува неприкосновен луксуз и елеганција.

















You must be logged in to post a comment Login