• Сподели на:

Актуелно: Модерна убавина

___

Голем број дизајнери во актуелните колекции ја гледаат убавината како игра на контрадикторности. Christopher Kane своите цветни и тесни блузони ги спојува со лелеавите здолништа, додека Raf Simons ја аплицира ботаничката градина врз фустаните од светкав сатен со матурски крој. Karl ја разбира убавината како игра на боите на виножитото на манекенките кои имаат кратки боб фризури и високи чорапи, во стилот на ученички на школата за стил. За Simonе Rochа убавината е минимална, со рамен крој, во бела боја и со ситни детали, додека Stella одлучи убавината оваа сезона да ја одбележи со slip фустани од чипка. Погледнете и одберете што најмногу одговара на вашето сфаќање на убавината.


Оставете коментар

___