• Сподели на:

9 пролетни парчиња кои треба да ги имате во вашиот плакар

___

Откако ги разгледавме сите трендови од пистите, црвениот тепих и уличниот стил, можеме конечно да одбереме 9 креации кои секој би требало да ги има оваа пролет!

Во последно време се повеќе слушаме од страна дека могумина не ги следат трендовите.  Всушност тоа стана тренд. Трендовите да не се пратат. И тоа до некаде е ОК. Бидејќи, доколку буквално ги следите сите трендови, не учејќи ништо од горенаведените, тогаш навистина и не треба да ги следите трендовите, но… Доколку ги пуштите трендовите да го надградат вашиот веќе оформен стил, вие добивате многу од сезона во сезона!

Бидејќи, стилот не е фиксиран. Не е зацементиран. Тој е прилагодлив, тој е тука за да си играте со него, да експериментирате, да зачекорите во нови сфери, во нови дизајни, нови бои. Како што вашето омилено јадење може да има уште подобар вкус со некој нов додаток, така и вашиот стил може да “расте” со некој нов тренд.

Трендовите се тука за да му направат апдејт на вашиот стил. Најнов software, односно softwear. Тоа е главната улога на трендот.

И ако досега сте прочитале околу 100 статии на тема пролетни трендови, убедени сме дека ова е пост кој не смеете да го прекокнете!

Бидејќи за вас подготвивме пролетни парчиња кои морате да ги имате во својот плакар оваа пролет.

Плисирана сукња

Сикњите се топ парчиња за оваа сезона! Се носат во сите варијанти, од мини-сукњи, до макси сикњи, широки и тесни. Муслин, шифон, свила, важно е да е удобна и да предизвикува. Еднобијна, ве молам! Во комбинација со туника или кошула.

1

Чанта со реси

Макси оваа сезона не се однесува само на облека туку и на аксесори. Оваа чанта со реси е еден од примерите дека со сличен ваков модел ќе бидете во тренд. И не заборавајте да ја носите со насмевка.

2

Накит

Ланчето е главното парче од накитот. Немора да биде со потпис, но некоја достапна, а слична верзија е нашата препорака!

3

Топ

Еве прилика конечно да прошетате со гол стомак, бидејќи во тренд е топ! И тоа лесен, спортски изглед со заоблени рамења и ракави до лакт. Одберете го оној кој е софистициран и од убав материјал, сеедно дали се работи за свила, сатен или некоја памучна мешавина. Искомбинирајте го со сукња – панталони или долга сукња.

6

Патики

Дали е потребно нешто да кажеме?! Ако досега не сте сфатиле дека тие се неизбежно парче кое секој треба да го поседува…

5

Мини чанта

Покрај чантите со реси, вашата пролетна колекција чанти мора да опфаќа и мини чанти. Се носат во комбинација со макси плисирани сукњи, џинс и други спортски варијанти.

9

Сина кошула

Класична машка кошула со струкиран крој, свиленкасти материјали, необични копчиња, јаки и детали во вид на ефектен накит. Ние ви советуваме да ја носите со ремен, широки панталони и некој интересен накит.

7

Пастел

Пастелот не е како некои други други бои кои се повлекоа или ни здосадија. Тој остана како еден од главните трендови за актуелната сезона.

8

Панталони

Свиленкасти, секси…можат да бидат длабоки или плитки.Со тоа што треба да бидат малку пошироки да потсетуваат на сикња – панталони, зависно од материјалот. Неизбежна комбинација: високи потпетици, кошула и накит.

4


Оставете коментар

___