Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но овие фустани секогаш се актуелни.
Секако, трендовите влијаат на нив и ги носиме со актуелни соодветни варијации, но овие осум модели секогаш гарантираат дека ќе бидете во центарот на вниманието.
Класичен, за на работа
Иако вашето работно опкружување нема одреден кодекс на облекување, сите знаеме што значи кога некој ќе каже пристоен фустан за работа. Тоа е најчесто фустанот со средна должина, затворено деколте, како туника, фустан во неутрална нијанса. Совршен за состаноци, интервјуа или презентации.
Макси модел
Идеален за деновите кога е потребно алтернативно решение за фармерките и кратките фустани. Овој модел е совршена комбинација кога патуваме и кој можеме да го збогатиме со некој накит или џемпер. Дополнително, оди совршено со балетанки, апостолки или патики.
Фустан за секој ден
Дружење со пријателите, кафе со другарките или препладневен шопинг? Памучен фустан во некоја впечатлива боја е совршен предлог.
Туника фустан
Над кожни панталони, хеланки или хулахопки, овој модел изгледа совршено. Особено ако е со V израз, долги ракави и во некоја интензивна боја.
Свечен фустан
Плисиран, со тантела, свилен, во необичен крој… Милион можности, не се сомневаме дека сигурно имате барем еден ваков посебен фустан, можеби сѐ уште не сте го облекле, но тој ги чека своите пет минути.
Летен фустан
Ниедно лето не може да биде идеално доколку не го прошетате својот совршен летен фустан! Изберете го оној, кој совршено флертува со вашето тело, нагласувајќи го тоа што треба да го истакне, а кој ги крие деловите кои сакате да ги скрие. Принтани, со линии, цветни мотиви… Сѐ доаѓа предвид.
Посебните пригоди на отворено по правило не бараат формален, свечен фустан. Понекогаш сакаме да облечеме некој коктел фустан со цветни мотиви!
Кус црн фустан
Дали е потребно воопшто да го коментираме или само да кажеме дека овој модел е број. 1, фустан која секоја девојка го има.








You must be logged in to post a comment Login