Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

7 совети за паметен шопинг

Ова е период кога по продавниците има многу попусти кои не е лошо да се искористат. Но како да се направи разумен шопинг поради кој потоа нема да ни биде жал.

Добро размислите што ви треба, пред да ве повлече шопинг-лудилото. Поставете си три клучни прашања:

1. со што би можела да го носам ова

2. Дали веќе имам нешто слично во плакарот

3. Колку најмногу би платила за тоа

Добар совет е да се купуваат парчиња облека кои секогаш ќе ни се најдат, од типот на бела кошула, џинс, мал црн фустан, кожна јакна или црни салонки. Ваквите парчиња облека може веднаш да ги купите со добар попуст, а утре да не зажалите за тоа.

Никогаш не давајте премногу пари за тренди облека која следната сезона нема да биде во мода.

Пред да отидете на шопинг, разгледајте што се имате во вашиот гардеробер. Можеби ќе се изненадите кога ќе најдете некоја облека на која сте заборавиле.

Попустите се идеално време кога можете да ја збогатите колекцијата на модни додатоци, како што се марамите, накит, шапки или украси за коса. Сите модно освестени девојки ќе се согласат дека ваквите модни додатоци секогаш и во секое време се добредојдени за да ја освежат комбинацијата.

Однапред одредете ја максималната сума која би ја потрошиле.

Пред да го платите производот, добро погледнете го. И уште еден совет за крај, никогаш немојте да ги фрлате сметките за да можете купената роба да ја замените доколку се премислите.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...