Chanel и Dior Cruise беа само вовед во најгламурозниот настан на годината на тлото на Европа, а тоа е филмскиот фестивал во Кан кој вчера беше свечено отворен со проекцијата на филмот Grace of Monaco.
Blake, Nicole, Zoe, Kendall… Сите овие дами и стилски икони на вчерашното отворање докажаа дека Кан е најгламурозниот филмски фестивал во светот, кој оддава чест не само на филмот, туку и на модата!
Првиот ден беше повеќе од спектакуларен. Nicole Kidman, ѕвездата на филмот Grace of Monaco на утринската прес-конференција се појави во бел фустан на модната куќа Altazurra, а подоцна на црвениот тепих заблеска во креација од сина чипка на Armani Prive, рака под рака со колегата Tim Roth.
Сепак, далеку поголемо внимание привлече преубавата Blake Lively која за свеченото отворање одбра бордо плисиран фустан со потписот на брендот Gucci, додека Karlie Kloss беше највпечатлива од манекенките, позирајќи во бордо-зелената чипка на Valentino.
Погледнете ја галеријата од отворањето на 67-от Кански фестивал.










You must be logged in to post a comment Login