Најдобрите дизајнери на денешницата се сложуваат барем во едно: Мантилите и пролетните капутчиња ќе бидат главната наметка за моменталната сезона!
Со првите сончеви зраци кои ја најавија пролетта, пристигна сезоната која дефинитивно ќе ја одбележи неговото Височество: мантилот.
Полујакни, мантили со каиш, широки мантили, сè е во оптег и сè е во тренд. Освен, се разбира, зимскиот капут на кој слободно можете да му кажете чао до следната зима.
Доколку сеуште го барате вашиот пролетен модел, еве мала помош во форма на неколку клучни парчиња, кои ќе ја комплетираат вашата гардероба за само неколку минути!
Од класичниот тренч со каиш, преку мантилите со малку полежерна форма во пастелни бои, до оној кој како да го „креирале“ архитектонските раце на Џанфранко Фере и кој ги има сите ноти на софистициран минимализам.
Најдобар пар
Кожата во последно време како да доживува ренесанса и тоа најмногу во форма на манитл. Ја воочивме на ревиите на најпознатите дизајнери уште во септември (Just Cavalli, Fendi, Karen Millen, Escada). Тоа е модел кој совршено одговара на деловниот изглед. Ефектен, класичен, со рамен крој, па ако е и во некоја боја (како моделот на Escada на сликата), полн погодок!
Без ракави
Ова можеби е главниот модел сезонава, минималистичен, стајлиш и забавен! Еден од омилените модели на претставниците на уличната мода и на уредниците, кој го има во сите варијанти: од кожа, латекс, пвц, платно. Наш предлог е да го комбинирате со oversize маица и boyfriend џинс или со тесно здолниште и длабоки чизми. Играјте со пропорциите, логоата на дуксерите, со џинсот. Zara, Burberry, Karen Millen нудат доста голем избор на споменатите варијации на материјали и џебови
Летен мантил
На ревијата на Tommy Hilfingera видовме совршен модел во силна црвена боја, додека Hunter Originals нè воодушеви со пастелната „ледена“ комбинација. Ова е совршен модел за лежерна и улична мода.
Со каиш
Класичниот мантил со каиш (Burberry) никогаш не излегува од мода, па дури ни сега! Пропорциите се исти, а она што се менува се материјалите.
Моќта на пастелните бои
Пастелните нијанси остануваат и најдобро би било да си набавите некој розев мантил за лето. Не дека инсистираме, но внимавајте, пастелните бои уште долго време ќе се задржат. Zara, Miss Selfridge, River Island, Fashion Union … сите се потрудија да ја дочекаат пролетта во пастелни нијанси на сина, зелена, виолетова, розева.
Минималистичен
Доколку сте личност која сака едноставни, минималистички парчиња, тогаш Мнтилот од овој тип е идеален за вас. Иако сите ние ги сакаме мантилчињата на Celine, варијации на тој модел можат да се најдат и кај прпристапните брендови. Монохроматската палета само повеќе ја нагласува едноставноста кај овие модели, како и лежерниот крој, но и пастелните бои топло ви ги препорачуваме.








You must be logged in to post a comment Login