• Сподели на:

5 совети за да се облечете како Кејт Мос

___

Додека со нетрпение одбројуваме до моментот кога долгоочекуваната Топшоп колекција на британската икона на стилот, Кејт Мос, ќе се појави во продажба, не се сомневаме само во една работа. А, тоа е дека овие парчиња ќе станат задолжителни, со оглед дека моделите се инспирирани од стилските креации кои манекенката ги носеше изминативе десетина години.

Промоцијата на колкецијата овие денови е во полн ек, Кејт дава интервјуа и им дозволува на медиумските екипи да ѕирнат во нејзиното креативно царство. За магазинот на онлајн продавницата Net-A-Porter, таа дури и даде совети од типот „како да се облекувате како мене“, кои веруваме дека ќе им помогнат многу на следбеничките на нејзиниот автентичен стил.

 

2

 

3 задолжителни парчиња облека во гардероберот на секој жена

Според Мос, секоја жена би требало да има добар пар фармерки, црн смокинг и мало, црно фустанче. Омилената комбинација на славната манекенка, особено за летниот период, се фармерки, маица, јакна и чизмички.

Инвестирајте во квалитетни чевли

Кејт е убедена дека квалитетните и удобни чевли ќе ја комплетираат вашата комбинација за облекување. Можете да преминете од дневна во вечерна комбинација само со помош на добри чевли со потпетици.

Летото е за casual

Летните комбинации се состојат од лелеави парчиња од шифон или меко кадифе. Макси фустаните се одлични, бидејќи со нив можете да носите рамни чевли. Според Мос, штиклите на плажа се дефинитивно комична глетка.

Инспирирајте се од стилските икони

Во младоста Кејт сакала да ја украде облеката на Анита Паленберг, иако таа веќе ѝ имала подарено поголем дел од нејзините работи. Исто, голема стилска икона за неа преттавува и Пети Смит. Музичарите претходно навистина во голема мера го имаат обликувано стилот на Мос.

Vintage е секогаш добра идеја

Кејт има една vintage јакна со реси која доби своја копија во новата Топшоп колекција. Манекенката преферира да ја носи со кратки фармерки. Кога купувате vintage гардероба, Мос советува да барате квалитетни парчиња кои може да се корегираат или дополнително да се обликуваат според вас.  


Оставете коментар

___