Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

5 модели на чевли кои секогаш се во тренд

Модните трендови секоја година ни носат новитети кои се многу скапи и е тешко да се платат. Но, кога се работи за чевли, постојат модели во кои вреди да се вложи бидејки никогаш нема да излезат од мода.

1.Салонки

Класични, елегантни салонки во црна или боја на кожа се во тренд веќе со децении. Иако денес можете да пронајдете ефтини и скапи модели наш предлог е да одберете квалитетни, стабилни и удобни кои никогаш нема да ве изневерат.

2.Рамни чизми

Високоте чизми без никаков детал со потпетица од само неколку сантиметри се ваш сојузник во борбата против скапите трендови. Покрај тоа што можете да ги комбинирате со различна облека и да ги носите во различни прилики, тие се многу удобни и ја прават вашата нога елегантна.

3.Мартинки

Омилени обувки на многу генерации кои можете да ги најдете во сите бои. Ако сакате чизми кои можете да ги носите во сите временски прилики, тогаш нема да погрешите доколку ги одберете мартинките.

4.Стартки

Обични патики кои ги сакаат сите генерации, а нивната популарност е распространета низ целиот свет. Тие можат да се вклопат во секој ваш стајлинг. Ако сакате да бидете сигурни дека сте купиле патики кои немаат рок на траење, тогаш одберете класични, платнени во бела боја или пак кожни стартки.

5.Балетанки

Балетанките се омилени обувки на секоја жена која не сака чевли со висока потпетица. Овој модел совршено се надополнува со секоја дневена или вечерна комбинација, а што е најважно, многу се удобни и практични. Ако сакате да бидете во тренд одберете едноставни модели во црна боја.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...