Без разлика дали имате кратки нозе кои сакате визуелно да ги продолжите или долги кои дополнително сакате да ги нагласите, послужете се со следниве совети.

1.Избегнувајте ги чевлите со ременче
Знаеме колку добро стојат и се удобни и стабилни, но ременот ќе направи вашите нозе да изгледаат многу пократки отколку што се. Носете штикли и платформи за нозете да ви делуваат подолги.

2.Носете хеланки и тесни панталони со обувки во иста боја и така границата меѓу ногата и стапалото нема да биде многу видлива. Со оваа излузија ќе создадете визуелно подолги нозе.

3.Исто така добар избор се кратки здолништа и високиот струк кога станува збор за должината на ногата. Избегнувајте модели прилепени за телото.

4.Избирајте чевли со шпиц. Тие визуелно ги продолжуваат стапалата, но и нозете комплетно, па имајте барем еден ваков пар во вашата гардероба.


You must be logged in to post a comment Login