Сите знаеме дека секоја девојка мора да има барем еден пар црни панталони во плакарот.

Но, кога ќе дојде ред да ги облечеме, можеме да наидеме на потешкотии ако сакаме да изгледаме шик и модерно. Токму поради тоа овде ќе споделиме три комбинации на Бруклин Блонди, кои можат да ви послужат како одлична инспирација кога следниот пат ќе решите да облечете црни панталони.
Можете да ги комбинирате панталоните со бела блуза и да внесете малку боја и свежина во комбинацијата со помош на црвени модни додатоци. Овде е и неизбежниот црвен кармин.

Истата блуза и панталоните можете да ги надополните со сино моторџиско палто. Наместо црвените сандали облечете бели салонки.

Облечете црна кожена јакна и бели рамни чевли со шпиц. Изберете кафеава чанта за да ја разбиете монотонијата и да внесете елемент што ќе го привлекува вниманието.

You must be logged in to post a comment Login