Да не се лажеме, изгледот на машкуданка може да си го дозволат само девојките како Care Delevingne, Miley Cyrus и Joan Smalls. Потребен е тој Х фактор и лежерноста која ја поседуваат повеќето модели. Но, доколку сте голем фан на овој стил, постојат начини како да го освежите и прилагодите вашиот изглед. Нашиот главен совет е да се држите барем малку до женственоста, било да е во прашање материјалот, кројот или некој друг детаљ, како откопчаното копче на кошулата или карнерот на маичката. Само онолку колку што е доволно да се одвлече приказната за момчешкиот изглед кон нов, малку поженствен стил.













You must be logged in to post a comment Login