Ако сакате да добиете беспрекорен, но едноставен стил со повеќе слоеви на префинета и спортска облека со цел да изградите модерен стил, пратете ги овие 10 модни заповеди:
- Убава бела кошула која е особена важно да ја имате во плакар. Лесно се комбинира и носи во тек на цела година.
- Обавезно обезбедете се со маички кои се направени по ваша мерка и со интересен принт, најбитно е да ви бидат угодни.
- Кога носите маички со принт обавезно тоновите мора да се складни и да не бидат пренападни.
- Кога комбинирате слоеви гардероба, држете се до принципот „помалку е повеќе“. Едноставан маичка под сако со едно копче е веќе класа комбинација. Не претерувајте со накит, еден ланец наједноставен преку маичката е полн погодок.
- Облечете еднобојна кошула и засучете ги ракавите.
- Момците кои преферираат спортски изглед, нека пробаат кошула која не е закопчана и врз тоа колеџ јакна.
- Секогаш имајте црни или темно кафени кондури.
- За мажите најпрактични бои се црната, тегет, сива и мали комбинцаии од топли бои.
- Правило за капит и јакна е да бидат со што помалку џебови. Добри Парчиња се и бејзбол јакните и капут со ¾ должина.
- Без разлика што и да работите, дознајте што ви е удбно за носење и тоа градете го како ваш стил.

You must be logged in to post a comment Login