Многу родители се против шлаканице како воспитно средство, но сепак се случува нервите да попуштат. Има и такви кои веруваат дека тоа е најдобро решение. И за двата типа имаме подготвено неколку причини зошто не треба да ги тепате вашите деца.
- Го понижувате детето. Тогаш чувствува дека сте рамнодушни кон неговите желби.
- Пројавувате слабост. Кога го тепате детето, вие всушност му покажувате дека не можете да ја контролирате ситуацијата и не наоѓате правилни алтернативи.
- Насилството раѓа насилство. Децата го копираат моделот на однесување на своите родители.
- Тоа нема да ги свати грешките. Ако само го нашамарате без да му објасните зошто постапката му е лоша и какви последици има за другите, тоа никогаш нема да разбере, дека навистина не треба да прави така.
- Детето ќе се навикне. Да, колку и чудно да звучи сега, родителите со поголеми деца ќе се согласат дека тепањето заплашува само некое време. Односно детето ќе си знае дека дури и да направи беља, ќе добие неколку шлаканици и се ќе помине.
- Најправилно е да разговарате со вашето дете како со возрасен. Да му објасните како се чувствувате кога не постапува правилно. Не му кажувајте дека “добрите деца не прават така”, кажете му зошто не треба да прави така. Почитувајте го неговото мислење, слушнете ги неговите аргументи, и разјаснете му ги грешките.
- Но што е најважно, без разлика каков метод ќе изберете, не правете детето да се чувствува несакано!

You must be logged in to post a comment Login