Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Зборовите на еден прекрасен татко кои ќе ви ги насолзат очите!

Секогаш сме во потрага по убавото во светот, сакаме да читаме инспиративни блогови на интернет. Постојано ви раскажуваме за некои нови откритија. И денеска ќе го направиме истото.

Случајно наидовме на една страничка Life to Her Years, во која еден примерен татко сподели неколку правила за татковци кои имаат ќерки. Некои од советите се забавни, другите успеаа да не расплачат. Но во секој случај ние сме убедени дека се напишани од прекрасен маж, за кого вниманието кон малата принцеза е поважна работа од пиво со пријателите.

50 съвета от един страхотен татко на дъщеричка

  • Сакај ја нејзината мајка. Однесувај се кон неа со почит и огромна доза на јавно искажување на приврзаност. Кога малата ќе порасне, има голема шанса да се заљуби и да се омажи за човек кој се однесува со неа горе-долу како што ти си се однесувал со нејзината мајка. Без разлика дали е добро или лошо, тоа ќе се случи. Се надевам дека било добро.
  • Секогаш биди и на располагање. Не може да се постигне квалитет на времето поминато заедно, ако нема квантитет. Поминувајте време заедно без посебна причина, освен едноставната желба да се радувате на заедничкото присуство. Заинтересирај се искрено за работите кои ја интересираат неа. Таа има потреба нејзиниот татко да присуствува во секоја фаза од нејзиниот живот. Немој само да седиш настрана, додека таа додава години на својот живот… ти додавај живот кон нејзините години.
  • Спасувај ја. Додека расте таа ќе бара херој. Многу нормално тоа може да си ти. Ќе има потреба да и притрчаш во помош повторно и повторно во текот на нејзиниот живот.
  • Радувај се на секој миг кој го имате заедно. Денес таа ползи низ куќата во пелени, утре ќе и ги дадеш клучевите од колата и пред да си почувствувал, веќе ќе ја испраќаш до олтарот. Некој ден, наскоро, да поминува време со тато нема да и биде најсупер работа на светот. Животот се случува доста брзо.
  • Моли се за неа. Редовно. Страсно. Постојано.
  • Танцувај со неа. Започни додека е уште мала. Не чекај до денот на нејзината свадба.
  • Купи и патики слични на твоите. Нема секогаш да сака да носи исти чевли како татко си.
  • Кажи и дека е убава. Кажувај и го тоа повторно и повторно.
  • Дозволи и да го држи воланот. Таа секогаш ќе се сеќава како нејзиниот тато и давал да го прави тоа.
  • Вистинска магија е да ја носиш на грб. Прави го тоа сега, додека грбот ти е силен, а таа е уште мала.
  • Таа со нетрпение ќе чека да се вратиш од работа навечер. Немој да доцниш.
  • Ако мама ја запише на часови по клавир, погрижи се и ти да бидеш таму. Не грижи се што нема други татковци. Загубата е нивна.
  • Никогаш немој да го пропуштиш нејзиниот роденден. По 10 години нема да се сеќава што си и подарил. Ќе запамети дали си бил таму.
  • По лош сон најверојатно ќе сака да легне до тебе и мама. Тоа е убаво нешто.
  • Постојат многу малку работи на овој свет кои може да ја смират плачливата принцеза подобро од татковата рака. Никогаш не го заборавај тоа.
  • Може да посака да и купиш коњче за роденден. Ако не живеете на фарма , не и купувај пони за роденден. Но сепак можеш да изнајмиш.
  • Не ја осипувај со многу подароци. Наместо тоа подари и неверојатни искуства кои можете да ги имате заедно.
  • Таа мора да знае дека секогаш може да се врати дома. Што и да се случило.
  • Запамти дека исто како пеперутка, еден ден и таа ќе ги рашири крилјата и ќе полета. Уживај во нејзините години, во кои е сеуште гасеничка.
  • Секоја година на нејзиниот роденден напиши и писмо. Дај и ги писмата кога ќе замине да учи, или кога ќе стане мајка. Или пак кога ти мислиш дека има најголема потреба.
  • Научи се да и веруваш. Колку повеќе расте, толку повеќе слобода давај и. Таа ќе се воспитува според очекувањата кои ги ставаш пред неа.
  • Денес таа тргнува кон вратата, за да оди на училиште, утре веќе ќе излезе. Не трепкај.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement