Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Вечна дилема: Колку слоеви гардероба е доволно за бебето

Ако сте нов родител, веројатно се прашувате како да го облечете бебето, односно колку слоеви облека е потребно на бебето. Тоа, секако, зависи и од годишното време, но имајте во предвид дека поголемиот број на родители ги облакаат децата така што им е претопло.

Температурата на просторијата во која детето седи треба да биде помеѓу 20 и 22 степена, со влажност на воздухот од околу 50 и 60 проценти. За време на бањањето, кога бебето е голо, просторијата треба да е некој степен повеќе.

Здраво дете, бидејќи се наоѓа во фаза на адаптација на надворешниот свет, ако се наоѓа на препорачаната температура, би требало да е облечено слоевито: памучно боди, маица и панталони или едноделно одело е сосема доволно, а при рака имајте и лесен покривач. Ако температурата е пониска, можете да додадете уште еден слој облека.

Како да знаете дали на бебето му е ладно или топло?

Опуштено бебе, со благо подигната рака која не е испотена, се наоѓа на пријатна температура. Бебе кое е на ладно ќе биде малку згрчено, ќе спие немирно, може и да се тресе. Во тој случај дополнително облечете го.

Бебе на кое му е топло, има румени образи, се поти и спие немирно. Пробајте во тој случај да го отскриете малку или соблечете му еден слој облека.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement