Лен е растение кое со векови се одгледува поради семето богато со омега-3 масни киселини. Тоа може да се додава во храната за бебето од осмиот месец. Доколку вашето бебе пати од запек, овој проблем најлесно ќе го решите ако во неговата кашичка или јогурт додадете измелено семе од лан. Тоа е богато со влакна и супстанции кој ги разработуваат цревата, чистејки ги и им помага на нивно празнење.
Го храни мозокот – вашето бебе да добива доволно незаситени омега-е масни киселини кои се потребни за развојот на мозокот и нервниот систем, би требало да јаде по 3 порции сина риба неделно. Бидејќи мајката многу ретко му дава на бебето рибно месо, семето од лен е одлична замена за тој вид намирница.
Семето од лен го штити целокупното здравје – Истражувачите докажале дека децата кои конзумирале семе од лен додека биле бебиња поздрави се од останатите кои не конзумирале. Супстанците од ова растение повеќекратно се добри: го подобрува варењето, спречува појава на запек, ефикасно уништува токсини, спречува појава за срцеви заболувања како и многу други заболувања.
Кога треба почне да се дава ова семе?
Повеќето педијатри ги советува мајките да воведат во бебешката исхрана од осмиот месец и тоа количини од две лажички дневно (за доручек и ручек). Поради тоа што тоа е природен лаксатив, никако не смеете да ја преминете препорачаната дневна доза.
Како се чува ленено семе?
Меленото семе чувајте го во затворен сад и тоа во фрижидер, бидејќи во спротивно може да се расипе. Целото (немелено) семе не е толку подложено на расипување и тоа може да остане свежо дури две години ако го чувате во затворен сад на ладно и темно место.
Дали лененото семе може да се користи за готвење?
Не смее. Можете да го зачините со масло во салата, но никако не смеете да го загревате затоа што може да се запали. Најчесто тоа се конзумира во облик на капсула поради регулирање и намалување на нивото на холестерол во крвта.
Можете да купите немелено ленено семе во секоја продавница за здрава исхрана и да го мелете пред секоја употреба. Ленено семе со кафена боја има иста нутриционистичко својство како и тоа со жолта боја. Ситно мелено можете да го додадете во брашно од кое правите колачи.
Бремените жени и бебиња кои се дојат не смеат да конзумираат повеќе од една лажичка ленено семе дневно.

You must be logged in to post a comment Login