Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Сакате здраво, насмеано и напредно бебе? Уредете ја собата по Фенг шуи!

Домот во кој што ќе дојде новиот член на семејството треба да биде усогласен со неговата енергија, а така и бебето ќе биде здраво, напредно и насмеано. За да се постигне тоа, потребно е да се почитуваат одредени фенг шуи правила за уредување на просторот. Прочитајте ги советите на меѓународниот експерт за фенг шуи, Сандра Дринчиќ.
Фенг шуи (Feng Shui) претставува усогласување на енергијата на просторот со луѓето кои во него престојуваат. Секој простор има свој специфичен енергетски потенцијал, кој може да влијае позитивно или негативно врз човекот. Тоа е начин на воспоставување на био-енергетска рамнотежа во односот човек-простор. Преку него се постигнува хармоничен, здрав и ускладен живот во еден дом.
Кога проектот за станот/куќата се прави пред да се роди бебето , се прават пресметки врз основа на предвидениот термин за пораѓање и неговиот пол. Според нив, бебето се поставува да спие во правец што е најдобар за него, врз основа на месецот и годината на раѓање. Тоа е вистински фенг шуи.
 Elephant-bedroom
За што сѐ треба да водите сметка?
Креирањето на фенг шуи соба за бебе е многу повеќе од обично декорирање на ѕидовите по повод неговото раѓање. Околината има енергетска сила која не е за потценување. Просторот, предметите, боите, протокот на енергијата во собата, а особено позицијата на креветчето, сето тоа влијае на развојот на бебето.  На пример, дали бебето ќе спие на позицијата каде што постои зрачење или покрај ѕидот што ја двои спалната соба од бањата? Фенг шуи нуди разни можности за правилно поставување на креветчето за бебе, како и за правилно користење на енергијата на просторот, за бебето да се чувствува добро и да има најдобри услови за здрав напредок  и развој.
Каде точно треба да се наоѓа бебето?
Практично, бебето треба да биде во близина на мајчината аура до шестиот месец (мајката го штити и чува). Потоа, пожелно е да се одвои во друга соба.
Каде е најдобро да го поставите креветчето?
Креветчето не треба да се позиционира онаму каде што странично би се наоѓало до ѕидот од кујната или бањата. Во таков случај, бебето ќе „бега“ од тој ѕид, немирно ќе спие и почесто ќе плаче. Неговото био-поле (аура) е многу чуствителна на енергијата од околината.
Идеална позиција е кога креветчето е допрено до ѕидот од пократката страна (на тој начин бебето има заглавие), а од двете подолги страни има слободен пристап (т.е. тие не треба да бидат поставени до ѕид). Ваквата позиција овозможува поволен проток на енергијата околу просторот каде што бебето спие, што исклучително многу ѝ одговара на неговата аура и му овозможува здрав развој. Никако не е добро креветчето да се наоѓа „набиено“ меѓу плакарот и едниот ѕид. Има многу такви случаи во пракса, иако е утврдено дека бебињата имале хронични здравствени проблеми.
Кои бои се дозволени во собата?
Собата треба да има умерени бои. Ако е премногу шарена (јанг), на детето ќе му недостига сигурност, а доколку пак боите се премногу темни или еднолични (јин), детето ќе биде бавно.
blogger-image--776134598
Какви украси и детали се дозволени
Огледалата воопшто не се пожелни во спалната соба. Тие можат многу лошо да влијаат на луѓето што спијат, а особено на чуствителната бебешка аура. Ако е невозможно да ги исфрлите (залепени се на плакарот), тогаш задолжително прекривајте ги во текот на вечерта (се верува дека несаканите гости се огледуваат во нив ноќе). Исто така, пожелно е секогаш во ќошот од собата (спротивно од креветот) да има вклучена лампа која навечер ќе ја осветлува собата. Идеална лампа за таква употреба е онаа од сол од Хималаите. По загревањето, кристалите од солта испуштаат енергија од минералите и ја прават просторијата хармонична, па бебето спие мирно.
Пожелно е на подот под креветчето да се постави рогозина, бидејќи родителите не знаат дали бебето спие на некој дел со геопатогено зрачење. Од памтивек се користи сушена слама за разбивање на зрачењето, а денес како нејзина замена се употребува подна асура од трска.
3 важни фенг шуи совети
  • Никогаш немојте да го користите електричниот приклучок кој се наоѓа веднаш до креветчето (оддалечен 70 сантиметри). Електричното зрачење разорно делува на бебето и на неговиот напредок;
  • Никогаш не го поставувајте креветчето така што бебешките нозе ќе бидат во правец на влезната врата од собата;
  • Секој ден отворете ги прозорците и терасата за да влезе свеж воздух и по можност, енергијата на сонцето.
  • Мали фенг шуи тајни што треба да ги направите пред доаѓањето на бебето
  • Прочистете го просторот и внесете ја енергијата на природата со помош на мирисно стапче или етерично масло од лаванда;
  • Благословете дел од просторот за бебето, т.е. за неговото доаѓање;
  • Посакајте му добредојде на бебето кога ќе го внесете во домот.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement