Мајчинството и татковството со себе носат хормонални промени и обврски кои ја намалуваат желбата за секс, заради кои дури 32 отсто од анкетираните мајки со години немале сексуални односи со нивните сопрузи.
Кај секој пар во одреден момент од нивната врска има пад на сексуалната желба , особено кога станува збор за родителите. Кога работите од 9 до 17 , се грижите за децата и семејниот дом, едвај ќе имате време и енергија да се посветите на својот сексуален живот, заради кое експертите се запрашале колку долго повеќето родители го занемаруваат овој аспект од животот.
Спроведени се повеќе истражувања на оваа тема , а резултатите се зачудувачки . Поточно , истражувањето на списанието ” Во кругот на Семејството ” покажаа дека , на 553 жени кои учествувале во истражувањето, 32 проценти од мајките признаваат дека со години немале сексуални односи со нивните сопрузи. Истражувањата исто така покажаа дека жените поминуваат 14 проценти од нивното слободно време со своите деца , додека татковците се дружат со децата 7 проценти од нивното слободно време. Затоа, балансирањето на работата , грижата за домот и времето посветено на децата, кај мајките доведува до стресни ситуации , што резултира намалување на либидото.
Во прилог на намалувањето на либидото е и барањето од нејзиниот сопруг, да и помогне во грижата на децата. Според извештајот од истражувањето , спроведено во 2011, на мажите им е измерено намалување на нивото на тестостерон од околу 34 проценти, кога децата се во близина, и пад од дополнителни 20 проценти кога ќе поминат повеќе од три часа во грижата за нив, и од човек кој претрпел таква драстична загуба на тестостерон не треба да очекуваме желба за секс.
Заради сето ова, експертите препорачуваат татковците да им помагаат на мајките во домашните работи, и сите обврски околу домот и семејството да се распоредат рамномерно, како би останало барем малку време и енергија за подобрување на квалитетот на сексуалниот живот.

You must be logged in to post a comment Login