Бременоста е чудесно доживување кое ја опфаќа науката, а резултати од многу истражувања кои се занимавале
со оваа тема некого можеби и ќе го изненадат.
Бременоста е навистина волшебен период во животот на жената. Што навистина се случува во тие девет месеци? Науката донесува исклучително интересни и неверојатни одговори, а Huffingtonpost објави факти за бременоста.
Трудниците се секси
Многу трудници сметаат дека се непривлечни и дебели, но многу мажи не би се согласиле со тоа. Всушност, едно истражување покажало дека 60% од испитаните мажи својата бремена партнерка сеуште ја смета за многу привлечна. Понатаму, 27% од испитаниците изјавиле дека партнерките им биле уште повеќе привлечни додека биле бремени.
Градите се поголеми кај трудници кои носат девојче
И покрај верувањето, обликот и големината на стомакот не открива ништо за полот на детето. Но, откриваат градите на трудницата! Всушност, градите се поголеми кај трудници кои очекуваат девојче, пренесува Tportal.Тоа е затоа што машките фетуси произведуваат тестостерон кој донекаде го спречува растот на градите.
Соништата на трудницата го претскажуваат полот на детето
Кога бремената жена го сонува своето неродено дете и во сонот го открие полот на детето, обично е во право! Во позадина на тоа е женската интуиција која ја потврди и науката.
Ноќните кошмари се поврзани со побрзо породување
Трудниците кои во тек на бременоста имале живописни соништа и ноќни кошмари, порано се породуваат. Како што покажало едно истражување, нивните породилни болки траат еден саат пократко од жените кои не сонувале. Соништата, појаснуваат научниците, помагаат трудниците да се ослободат од внатрешните конфликти па постпородилната депресија поретко се јавува кај жените кои сонуваат.
Слабите жени раѓаат девојчиња
Неколку истражувања покажале дека слабите жени, односно оние кои имаат помалку килограми од просекот, почесто раѓаат девојчиња. Се смета дека тоа е така затоа што фетусите на девојчињата се полесни, но и поотпорни од машките па подобро се снаоѓаат во „ негостопримлива околина “.
Мирисот на телото на трудницата влијае на потсвеста на мажот
Во третото тримесечје телото на трудницата почнува да произведува пот која содржи нови хемиски врски – феромони. Таквите хемиски врски влијаат потсвесно и на мажите на кои во телото исто така им се менуваат врските и тоа така што ги прават помеки, понежни за да што подобро се поврзат со детето.
Клетките на бебето остануваат доживотно во женското тело
Во тек на бременоста, клетките на бебето влегуваат во мајчиното тело и мајчините клетки влегуваат во телото на бебето – и тоа трае до крајот на животот. Бебешките клетки може да се задржат во било кој орган на мајката, докажано е во едно истражување.

You must be logged in to post a comment Login