Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Преку очите на детето…

Колку повеќе ќе ги разбереме нашите деца, толку повеќе ќе можеме да им помогнеме. Еден од начините тоа да го сториме е да се потсетуваме на нашето детство и да го замислиме светот низ очите на децата.

Да се потсетиме како е да се биде дете……

Размислете за важните работи кои ви се случиле како дете и како тие влијаеле на вашиот живот и односи.

Што велеле и што правеле вашите родители што ви се чинело важно?

Што би сакале вашите родители да рекле или направиле?

Какви искуства би сакале вашето дете да запомни?

Децата размислуваат на различен начин од возрасните. Тие не секогаш ги сфаќаат ситуациите како возрасните. На пример, децата мислат дека се обвинувани за работи кои немаат никаква врска со нив.

Обидете се да се поставите од страна на детето за кратко и да го разберете неговото видување на светот. Како детето се чувствува толку мало кога сите се големи? Како е да се нема зборови да се изразат чувствата?

Како возрасни, наша обврска е да ги почитуваме и цениме децата.

Посоветувајте се со децата за работи кои влијаат на нивниот живот. Како возрасни ние мора га ги држиме во рамнотежа желбите на детето и погледите на она што е безбедно и разумно. Како тие ќе растат, дозволувајте им повеќе да решаваат за нивниот живот. Пружете му на детето избор и бидете подготвени да го прифатите неговиот избор.

Помогнете им на децата да ја прифаќаат одговорноста.

Почитувајте дека децата може да размислуваат и чувствуваат различно од вас.

Настојувајте децата да мислат дека ги слушате. Децата треба да чувствуваат дека ги почитувате за да се чувствуваат добро.

Почитувајте го нивното достоинство и величајте ја нивната индивидуалност.

Погрижете се децата да бидат безбедни и заштитени.

На децата им требате за да им помогнете да се развиваат и растат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement