ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ!
Детето треба да се избања во топла вода на следниов начин:
- Ставете го детето во кадичка со топла вода
- Темепратурата на водата мора да биде пријатна за детето (НЕ преладна вода т.е детето не смее да се ежи)
- Квасете го детето со сунѓер така да водата му се слива по телото
- Повторувајте ја постапката по 10 минути на секој саат
- Туширањето со пријатна топла вода во времетраење од 10 минути има сличен ефект
- Давајте му на детето поголемо количество течности
- Да се даде сируп за намалување на температурата
ЕВЕ ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ!
- Не треба да се масира со ракија или алкохол
- Не треба да се дава на детето аспирин или било кој лек кој содржи ацетил салицилна киселина (Андол)
- Не треба да се држи детето во будна состојба по секоја цена
- Да не се дава лек за намалување на температура при 37,5

You must be logged in to post a comment Login