Помагајте им на луѓето секогаш кога ќе можете, работете ја својата работа и секогаш кажете им на другите колку ви значат.
Писателот и поетот Џејмс К. Фланаган од Њујорк им оставил на своите внуци, од кои најмладиот има 5, а најстариот 11 години, писмо со бројни совети кои ги стекнал во текот на своето долгогодишно животно искуство. На 3 септември 2012 година тој ненадејно починал од срцев удар, а писмотот е објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Креигтон.
Драги Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Катарина,
Мојата драга и мудра ќерка Рејчел бараше од мене да запишам некои совети за вас, оние кои ги научив во животот. Го почнувам ова писмо на 8 април 2012 година, точно на мојот 72- ри роденден.
– Секој од вас е најубав дар од Бога за вашето семејство и целиот свет. Сетете се на тоа секогаш, особено кога се сомневате во себе или кога сте обесхрабрени.
– Не плашете се од никого и секогаш живејте со полна пареа. Следете ги своите желби и надеж, без оглед на тоа колку се разликуваат од туѓите. Луѓето често не го птрават она што го сакаат или што би требало. Бидејќи константно размислуваат што другите ќе речат.
– И, запомнете уште една важна работа – луќето кои нема да ви донесат пилешка супа кога сте болни или кои нема да бидат покрај вас, не се важни!
– Сите ние сме сосема обични луѓе. Некои носат премногу скапа облека или имаат поголеми титули или моќ и мислат дека се над сите останати, но не е така. Тие имаат исти сомнежи, стравови и надеж, јадат, пијат, спијат и прдат, како и секој нормален свет.
– Кога ќе пораснете и ќе добиете деца, секогаш имајте ја на ум старата ирска изрека: Фалете ги децата и тие ќе цветаат!
– Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето – особено на оние кои се уплашени и на децата. Сите тие носта некоја тага и потребно им е вашето сочувствување.
– Не придружувајте и се на војската или на било која друга организација што ве тренира да убивате. Војната е зло. Сите војни ги започнуваат повозрасни луѓе кои ги измамиле младите мажи да се мразат и да се убиваат едни со други. Возрасните преживуваат, и како што ја започнале војната – со пенкало и хартија, ја завршуваат на ист начин.
– Читајте книги колку што можете. Тие се прекрасен извор на уживање, мудрост и инспирација.
– Секогаш бидете искрени.
– Патувајте кога ќе имате можност, посебно додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или додека сите коцки не се подредат. Тоа никогаш, ама никогаш не се случува.
– Одберете работа и професија која ќе ја сакате. Секако, ќе има и тешки моменти, но работата мора да ви биде уживање.
– Не викајте! Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и другите. Секогаш кога викав доживував неуспех.

You must be logged in to post a comment Login