Бебињата се како мали сунѓери, впиваат се што ќе видат и чујат од „големиот” свет. Иако сеуште неможат да изразат подлабоки емоции, многу се свесни за емоциите на своите мајки.
Бебињата во матката се дел од мајчиното тело и одамна е откриено дека го чувствуваат мајчиното расположение. Сега е откриено дека можат да го почувствуваат мајчиниот стрес и негативните емоции според физичките работи кои мајките ги изведуваат додека ги држат во раце.
“Вашето бебе неможе да ви каже како изгледате кога сте под притисок и да ве праша што не е во ред, ама нашето истражување покажува дека, штом е во ваша прегратка ги собира вашите реакции поврзани со емоционалната состојба и веднаш почнува да го чувствува вашето негативно искуство”, објаснува Сара Вотерс, која работела на истражувањето на Универзитетото Њујорк, чија цел било да се истражи срцевата акција и емоција на бебињата чии мајки се нашле во стресна ситуација.
Кај 69 мајки на деца помеѓу 12 и 14 месеци старост, е пратен срцевиот ритам додека се одвоени од децата и изложени на стресна ситуација. Мајките кои најнегативно реагирале на тестирањето имале најнегативни чувства и најголемо отстапување на срцевиот ритам. Откако се здружиле повторно со бебињата, малечките ги превземале мајчините емоции врз основа на пулсот, напнатоста во гласот и изразот на лицето. Сепак, како се истакнува, потребни се дополнителни истражувања како точно се стучило да децата ги детектираат мајчините негативни емоции, пишува порталот Parent Society.
навистина е неверојатно како деца кои незнаат ниту да зборуваат можат да не прочитаат, а ова истражување само не предупредува дека треба да си најдеме начин на издржување на стресот на начин на ослободување од истиот.

You must be logged in to post a comment Login