БИДЕТЕ ДОБАР ПРИМЕР
Децата нема секогаш да го направат она што ќе им кажете вие но секогаш на крајот ќе постапат онака како што вие постапувате. Доколку купувате заради опуштање и забава голема е веројатноста дека и вашето дете ќе го прави тоа. Ако вие морате да го имате најновиот телефон и вашето дете ќе го сака истото.
УЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА НА ВРЕДНОСТИТЕ
Што е она што вам ви е важно? Луѓето кои ги сакате? Да ги пратите вашите страсти? На децата им е потребно да слушнат што е навистина важно. Кажувајте им кои се вредностите кои вас ве исполнуваат.
ВНИМАНИЕ, А НЕ ПОДАРОЦИ
Многу често родителот кој се чувствува виновен бидејќи не поминал доволно време со своето дете му купува подароци. Ова е јасна опомена дека треба да ги намалите вашите обврски и да си поставите други приоритети. Запрашајте се што е она што можете денеска да го правите со вашето дете за да едноставно ви биде забавно? Кои ритуали би можеле да ги воведете во текот на неделата за да поминете повеќе време заедно? На децата им е потребно вашето присуство, а не вашите подароци.
НЕ ГО ПОДМИТУВАЈТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ
Доколку ви се случува на детето да му давате некоја врста на мито за да ве послуша потребно е да ја промените таа стратегија и да го наведете на соработка на некој друг начин. Од време на време наградите се во ред но “корупцијата” детето го учи на погрешни работи.
СПРОТИВСТАВЕТЕ СЕ НА ПОРАКАТА ДЕКА СРЕЌАТА СЕ КУПУВА
Како родители мораме да бидеме свесни дека не сме единствени учители и примери во животот на нашите деца. Телевизијата е, на пример, навистина моќен учител и ако допре до ушите на вашето дете има директен пристап до неговиот мозок. До децата по пат на рекламите константно пристигнува порака дека целта во животот е да имате што повеќе пари. Затоа е важно да се соочите со овие пораки и да се потрудите тие да не стигнат до вашето дете.

You must be logged in to post a comment Login