Нов начин на воспитување деца преку радикално враќање кон природата, каде на децата им е дозволено, без надзор на воспитувачи, да се качуваат по дрвјата и да си играат со оган, стана многу популарен во Германија
Ова двишење се шири и надвор од границите на Германијаи стана популарен и во многу европски земји, јанонија и Јужна Кореја, а од неодамна интересирање покажале и американците и канаѓаните.
„Какво и да е времето остануваме надвор и на децата никогаш не им е ладно. И тие и нивните родители знаат како да се облечат“, кажува раководителот на една од тие градинки Торстен Рајнек. Ако има екстремно ниска температура, децата и наставникот можат да се стоплат во монтажните логорски шатори (во кои е возможно да се запали и логорски оган) или во мала дрвена училница. Сепак, Рајнек инсистира децата да го поминат поголемиот дел од времето на отворено, дури и тогаш кога има снег до еден метар.
Наставниците приметуваат дека децата не покажуваат никакви знаци на загриженост. „Можеби немам толку контрола ниту можам цело време да ги гледам, ама секогаш знам каде се наоѓаат. Нашето отсуство им овозможува подобро да ги проценат ризиците. Идејата е да децата (некои работи) ги учат сами, да учат едни од други, како и да учат од сопствените искуства и грешки. “, објаснува Ранек. Оваа филозофија се однесува и на оганот.
Нихал Оз, една од воспитувачките, се потсети на едно детенце кое долго седело блиску до оганот како „би видело што би се случило“.
„Дојде и рече ‘изгледа дека нозете не ми изгореа’. Така сите седнавме на земјата, а јас зборував за огнот, покажувајќи им што се случува ако некои работи премногу долго се изложат на оган. Разговорите како овие се блиски и непосредни, па на тој начин секое дете има можност да ги “почувствува” оваквите лекции и да ги доживее. Кога ќе дојде време за ужина, околу 11 часот, воспитувачите носат свежо овошје кое се сече ама и се јаде директно над садот со овошјето – се фаќа, нормално, со детските рачиња извалкани од кал, извалкани од утринскиот лов на полжави или од градењето куќичка на дрво“.
После ужината некои деца ја прашуваат воспитувачката дали можат да одат до логорот а други пак радо одат на качување. Никаде нема наместени скали за качување, зошто како што кажуваат од градинката “овде секое дрво е за качување”. Децата можат да се качат на било кое дрво, кога и да посакаат, колку и да посакаат.
Единствено правило е наставниците да им помагаат на децата само кога се спуштаат, ама не и при качувањето. „Ова ги прави да се многу по внимателни и мораат да стегнат довеба во себе. Паѓаат од дрвјата единствено кога ќе им дојдат родителите тука, бидејќи мислат дека татко им ќе ги спаси“.
Претседателката на германскиот сојуз на градинки во природа и шума, Шулте Остерман, кажува дека освен една скршена нога немало некои посериозни повреди во текот на дваесетгодишното постоење на оваа организација
“во нашите градинки има далеку помалку несреќи во споредба со редовните градинки од затворен тип затоа што имаме помалку а и помеки ѕидови и подови – листови и кал“, кажува таа. Додава дека престојот во природа ги челичи децата, намалувајќи ги случаите на грип и настинки. Епидемиите на вошки исто така се значително намалени бидејки децата не се ограничени во затворен простор. Меѓутоа постои ризик од добивање Лајмска болест како последица на убод од крлеж.
Шулте Остерман кажува дека за понатамошниот развој на децата многу се важни менатлните и физичките предности на детската игра по ведро небо. „кај децата, кои своето рано детство го поминале во градинките во шума, се развива многу подлабоко разбирање на светот кој ги опкружува, а докажано е и дека поседуваат многу повеќе самодоверба кога ќе тргнат на училиште“. Ова двишење всушност пошнало во Данска 1950 година, а во Германија првите градинки од овој тип се отворени во текот на шеесетите години. Родителите денес потекнуваат од сите слоеви на општествените скалила, па така во градинките се вклучени деца од сите слоеви.

You must be logged in to post a comment Login