Мирисот на бебето во првите неколку месеци по породувањето, на мајката и помага да се соочи со стравовите и грижите.
Овој факт го утврдиле јапонските експерти на Универзитетот Нагасаки, врз основа на експеримент во кој се тестирани сетилата за мисрис на 38 жени. Тие со покриени очи ја мирисале облеката кои ја носеле бебињата и онаа која ја носеле мажите, а половина од испитаничките биле мајки.
За тоа време им бил сниман делот на мозокот за рационално размислување.
Жените кои неодамна се породиле, без грешка веднаш ја препознале облеката на бебето, а тие кои немаат деца, биле прецизни во 60% од случаевите. Додека ја мирисале машката гардероба, двете групи покажале сличен резултат, прецизност во 70%, а слична им била мозочната активност.
“Промените упатуваат на заклучок дека по породувањето работата на мозокот се менува. Мирисот на бебе на мајката делува како стимуланс, ги поттикнува да бидат одговорни, да се грижат за децата и стравуваат за нив.”

You must be logged in to post a comment Login