Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Лекциите што ги научил премногу доцна: Сопругот по разводот дели совети за среќен брак

Бракот бара многу напор, но тоа е лекција која многумина ќе ја научат многу доцна. Во јуни, свежо разведениот мотивациски говорник Џералд Роџерс на неговиот фејсбук профил, признал дека во неговиот брак можел многу да смени и да спаси.

Очигледно, јас не сум експерт за врска, но откако мојот развод е финализиран, ги гледам работите на поинаков начин и видов што сум можел да променам. Откако ја загубив жената која ја сакам и 16-годишниот брак, можам да ве советувам вака:

Никогаш не престанувајте да флертувате еден со друг

Никогаш не престанувајте да се однесувате како да сте на првиот состанок. Никогаш не ја земајте жената здраво за готово. Кога сте ја запросиле сте ветиле дека ќе бидете мажот кој ќе го пази нејзиното срце. Таа ве избрала вас. Никогаш не го заборавајте тоа и никогаш не бидете мрзливи во љубовта.

Внимавајте на вашето срце

Исто како што треба да бидете посветени во чувањето на туѓото срце и сопственото срце мора да го чувате со еднаков жар. Сакјте се, сакјте го светот, но во тоа посебно место во срцето пуштајте ја само својата сопруга. Секогаш нека биде подготвено да ја прими само неа и никој друг.

Постојано заљубувајте се еден во друг

Постојано се менуваме и не сме истите луѓе кои сме биле пред бракот, а за пет години нема да бидеме ни истата личност што сме денес. Промените ќе дојдат и поради тоа непрестано ќе морате повторно да се изберете. Не мора да остане со вас и можеби ќе се појави некој друг. Борете се за нејзината љубов и не дозволувајте некој да ве замени.

Секогаш трудете се да го видите најдоброто во неа

Фокусирајте се на она што го сакате, а она на што ќе се фокусирате ќе стане поголемо. Ако се концентрирате на она што ви пречи, тоа ќе стане она што го гледате. Ако се фокусирате на љубовта, љубовта ќе биде се што гледате.

Не е ваша работа да ја менувате

Вашата работа е да ја сакате онаква каква што е и да не очекувате да се промени. Ако тоа се случи, го сакате она во што се претворила, без разлика дали тоа е она што го сакате.

Одговорни сте за своите емоции

Работата на вашата сопруга не е да ве прави среќен или тажен. Ваша должност е да ја пронајдете сопствената среќа, а паралелно со тоа, вашата радост ќе влијае на вашиот однос и љубовта.

Бидете присутни

Не и го давајте само своето време, туку и внимание. Кога сте со неа, бидете само со неа.

Секогаш изберете ја љубовта. Секогаш изберете ја љубовта. После се, ова е единствениот совет кој ви е навистина потребен. Ако оваа мисла е водечка, тогаш на вашиот брак никој не може да му се закани. Љубовта секогаш победува. Бракот не е бајка. Бракот е како животот, има подеми и падови кои мора да ги прифатите и на нив да го градите вашиот однос.

Ова се лекциите кои ги научив на најтежок можен начин. Лекциите кои ги научив премногу доцна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement