Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како љубовта на мажот може да промени една жена?

Анџелина Џоли и Бред Пит се еден од најпознатите холивудски парови. Нивната врска е гледана под лупа, нивниот брак е тема која не престанува да предизвикува контроверзни ставови. Тие се повод за восхит, негативни коментари, пример за добро семејство…

Но овој пат ќе избегаме од световната суета и ќе погледнеме малку подлабоко во нивните односи. Бидејќи на крајот тие се навистина пример! Колку необичен, толку и обичен пример за тоа како љубовта на еден маж може да промени една жена. И кај нас будат само восхит! Но престануваме да зборуваме и му даваме збор на Бред Пит…

Жена ми се разболе. Постојано беше нервозна, поради проблемите во работата, личниот живот, неуспесите, проблеми со децата… Изгуби 15 килограми и тежеше околу 40.

Таа се стопи. Постојано плачеше, беше разочарана од се и од сите, ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, ребрата… Спиеше лошо, всушност не можеше да спие по цели ноќи и наутро беше уморна.

Нашата врска беше на работ. Нејзината убавина си одеше, се појавија кругови под очите, таа се опушти и престана да се грижи за себе. Анџелина одбиваше да снима филмови. Изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме…

Но потоа решив да дејствувам. Ја имам најубавата жена во светот! Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на Земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам…

Почнав да ја преплавувам со цвеќиња, бакнежи и комплименти. И приредував изненадувања, и купував подароци и и се радував секоја една минута. Живеев заради неа! На луѓето им зборував само за неа. Сите теми се сведуваа на неа. Ја фалев, пред моите и пред нашите заеднички пријатели…

Нема да поверувате, но таа процвета! Стана поубава отколку што беше пред тоа. Ја зголеми тежината, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно од било кога… Дури и не знаев дека умее да бакнува така.

И сватив едно: Жената е одраз на мажот и ако ја сакаш до безумие, таа ќе ти одговори со истото!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement