Ние, луѓето, често се оставаме да бидеме обземени од чувството на вина, бес или омраза. И тоа не разјадува од внатре, не ни дава мир, спокојство, воздух и среќа…Кажете сега: “Дали вреди?”.
Не, се разбира! И знаете ли? Има едно решение на овие и речиси сите други проблеми. Простувањето! Тоа е најголемиот лек за душата.
Без разлика што сме преживеале, ние заслужуваме да простиме. Да, ние заслужуваме! Бидејќи така се ослободуваме од негативите на минатото и си дозволуваме да имаме една подобра иднина.
Да даваш прошка, значи да се скаш себе и затоа најважно е прво да се научиме да си простуваме на себе. Тоа значи да се прифатиме такви какви што сме, да ги прифатиме своите грешки и да престанеме да се обвинуваме за нив. Бидејќи да чувствуваме вина за она што претставуваме или сме го направиле не води до ништо друго освен до пропаст. Уште поважно е што правиме потоа!
Второто најважно нешто е да им простуваме на другите! Едно од најголемите достигнувања, кои можеме да ги направиме во името на среќата, е токму тоа. Во повеќето случаи не сваќаме дека правејќи го тоа, ние всушност си помагаме на себе. Не сваќаме дека и простувањето не е оправдување за гревовите на другите, туку начин да се ослободиме од нив.
Да му простиш на некој друг не значи дека ја одобруваш неговата постапка или дека таа не е лоша. Да простиш значи да сватиш дека ти си твојата среќа и да си дозволиш да бидеш над надворешните околности, кои се обидуваат да те здробат.
Затоа, пријатели, давајќи прошка, ние секогаш го правиме светот околу себе поубав!

You must be logged in to post a comment Login