Кога ќе се роди бебето, потребите на мајката се потиснати во втор план. На секоја жена и треба време да се навикне на новиот ритам, новата улога и на новата најважна личност во својот живот. Со време се станува полесно. Пред да стане полесно, ќе биде тешко, забавно, застрашувачко и прекрасно во исто време.
Вие воглавно знаете што можете да очекувате кога ќе се роди бебето, меѓутоа попстојат некои работи на кои никој не ве предупредил. Одиме по ред.
- Секое утро, околу 5.30 ќе го молите Бога да ви даде барем усте еден саат спиење.
- Не постои безболно породување. Веројатно сте разговарале со други мајки што е помалку болно, царски рез или природно породување. Реално, и едниот и другиот болат на свој начин и веројатно тоа ќе биде и најсилната болка што ќе ја осетите во животот. И не, нема да ја заборавите истиот момент кога ќе го видите лицето на своето бебе, иако болката престанува истиот момент кога детето ќе излезе од стомакот. Ова важи само за жените кои се пораѓаат природно и без епидурал. И понатаму ќе боли ама со некое чудо се полесно ќе поднесувате кога ќе го видите малото суштество кое ви го земало и последниот атом на сила и заради кое вашиот свет никогаш нема да биде повеќе ист.
- Неверојатно колку брзо ќе се привикнете на повраќаница, мочки, каки….се ќе престане да ви се гади.
- Ќе станете експерт за „читање” на каки. Не ни знаете, но тоа е ваш дар да откриете дали вашето дете е болно! Се ќе знате врз основа на големината, бојата, обликот и зачестеноста на столицата на бебето.
- Некои мајки запаѓаат во т.н. „мамнезија” која започнува со зачнувањето на бебето. Стручните лица кажуваат дека исчезнува после година до две од раѓањето на детето, ама кај многу мајки, морате да признаете, тоа трае барем 20 години. Тогаш „мамнезијата” се заменува со сенилност. Се чини дека избор не постои.
- Додека ги трпите контракциите и се породувате, најмногу на свет ќе го мразите оној кој ве донел до тоа – сопругот.
- Тешко дека некој друг ќе може да ве избламира како роденото дете. Замислете сцена како стоите на каса а вашето тригодишно дете ве прашува: „Мамо, мамо, овде смрди,да не прдна?”
- Вашите гради ќе изгледаат како штотуку да сте вградиле силикони. Тоа ќе трае додека доите, уживајте во тоа зошто нема долго да трае. Потоа ќе се „издуваат” и ќе почнат да висат, за жал….гравитацијата ќе си го стори своето
- Многу брзо откако ќе станете мајка, вашата цел до тогаш, да бидете совршен родител, ќе ја замените со нова – некој да ви помогне во преживување на тоа искуство.
- Ќе се случи да излезете во јавност и сфатите дека сте ја облекле маицата наопаку, дека кошулата вие исфлекана со храна или повраќаница, дека сте заборавиле да измите езаби или коса. И тоа нема да ве нервира.
- Своевремено си ветивте дека некои изрази кои сте ги слушале од своите родители, никогаш нема да ги повторите на своето дете. Ништо од тоа, ќе ги изговорите уште многу пати.
- Ако не сте пцуеле пред да станете родител, ќе пцуете сега. А ако сте пцуеле претходно, сега ќе пцуете уште повеќе. Секако избегнувате да го правите тоа пред вашите деца. Заклучете се во купатило и ослободете се од негативната енергија, само да не ве чујат децата.
- Вашето дете е еден голем манипулатор, а со манипулирање почнува со навршени четири месеци и ќе продолжи додека сте живи. Вие за тоа воглавно нема да бидете свесни. Ќе живеете во блажено незнаење и ќе верувате дека тоа е покажување на љубов од негова/нејзина страна.
- Ќе се фатите себеси како „гулгате” на тема „како да го научам детето да седи на нокшир” или ми се допаѓа педијатарот, дали е тоа нормално?”
- Ќе се прашате себеси безброј пати „дали е ова нормално?”
- Ќе сфатите колку малку знаете посебно кога детето ќе ве праша „кој е ликот на банкнотата од1000 денари?”, „зошто зебрите имаат пруги’” или „зошто морето е солено?”.
- Ќе почнете да се плашите од поканите за родденден.
- Купувањето намирници за дома веќе нам да биде исто.
- Дали ги спомнавме хемороидите? Или можеби е подобро да живеете во блажено незнаење. ..
- Ако сте имале повеќе од доволно пари пред да станете родители, сега како родител нема веќе да го имате тој „проблем”.
- Пелените чинат повеќе отколку што сте мислеле. Градинката или дадилката уште повеќе. Ако ги рачунате сите потенцијани трошоци, ќе ви помине желбата да станете родите, па затоа подобро немојте да размислувате за тоа..
Ќе одите по домот и ќе фрлате работи. Нема врска што тоа е само еден или 20 цртежи што вашето дете ги начкртало тој ден

You must be logged in to post a comment Login