Духовити заповеди на малечките: Бебињата да можеа да зборуваат…
Малите да можеа да ни кажат како навистина се чувствуваат кон сите наши постапки, ако тоа ќе изгледа? Ви ја откриваме тајната.
Децата меѓу првата и третата година поминуваат низ најинтересната развојна фаза бидејќи го запознаваат светот околу себе со своите пет сетила, па секое нивно движење станува забава и игра… Во оваа фаза често се прават пакости и уживаат во предметите кои им се неверојатно духовити, но на родителите и не така препорачливи.
Но, дали сте се запрашале како целата ситуација изгледа од нивен агол? Веројатно баш вака:
1. Не будете ме ако спијам.
Сериозно. Никогаш немојте тоа да го правите. Јас спијам со причина, во суштина ако не сте приметиле. И таа причина е ДЕКА СУМ УМОРЕН!!! Пробудете ме ако баш сте решени, но чувајте се од последиците.
2. Не ме гледајте.
Го сакам вашето внимание. Го сакам и ми треба. Но прекинете постојано да ме гледате, посебно кога сум нерасположен / гладен / нервозен / ранлив / уплашен / среќен или понекогаш какам во пантолоните, што во принцип значи никогаш, освен кога заспивам. Запамтете. Јас сум вицкаст!
3. Не ме спречувајте во кражбата на туѓи играчки… или од кршење на истите.
Само сакам да видам колку е тоа интересно.
4. Очекувајте дека ќе правам сцени. Немојте да се разочарувате.
5. Не очекувајте дека ќе кажам благодарам.
Ајде реално да погледнеме. Вие ми давате нешто убаво, и јас треба во тој момент вниманието да го усмерам на она што треба да го кажам?! Благодарноста и сите тие хипи глупости се така по мерка.
6. Всушност, отворете го ресторанот.
Не донесовте во вашиот свет. Јас ништо од ова не барав. Затоа работете ја својата работа! И направете различни оброци за секој вечерва.

7. Направете телевизорот да прикажува она што јас сакам да гледам.
А она што јас сакам да го правам е повторно и повторно да го гледам цртаниот филм „Петар Пан“, знаете кој. И онака вие плаќате за сите оние сметки од технологијата, така да најдете начин тоа да се случи.
8. Сменете ми ги пелените без цела лекција за тоа.
Сериозно, престанете веќе.
9. Престанере да ми приговарате за хаосот кој го правам.
Да, да, да… Правењето на хаос едноставно е тоа што јас го правам.
10. Прифатете ги шарите на ѕидовите од фломастер како нова реалност.
Ве молам не приговарајте. Престанете да мудрувате и едноставно закачете на Pinterest фотографија на оваа преубава уметност која бесплатно ви ја давам.
11. „Уживај. Така побрзо поминува!“
Не прекинувајте ова да си го зборувате. Да, малку е досадно, но вистинито е, што го прави многу исправно. Затоа продолжете.



You must be logged in to post a comment Login