Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Детски потсетник за родителите

  • Немојте да ме размазите. Многу добро знам дека не можам да имам се ‘ што ќе посакам. Јас само ве искушувам.
  • Немојте да се плашите да бидете строги. Тоа ми се допаѓа. Покажете ми каде е моето место.
  • Немојте со мене на сила. Тоа ме учи дека единствено силата се почитува. Подобро ќе реагирам на совет.
  • Немојте да бидете недоследни. Тоа ме збунува и ме тера да бегам од секоја обврска.
  • Немојте да ветувате. Можеби нема да можете да го одржите ветувањето, па ќе ја изгубам довербата во вас.
  • Немојте да им верувате на моите провокации кога зборувам и правам работи само за да ве растажам. Можеби се обидувам да дојдам уште до некоја “победа”.
  • Немојте премногу да се растажувате кога ќе ви кажам дека ве мразам. Не мислам сериозно, ама сакам да ви биде жал за она што сте ми го направиле.
  • Немојте да правите да се чувствувам помал отколку што сум.
  • Немојте наместо мене да правите работи што можам да ги направам сам. Поради тоа се чувствувам како бебе, а може да почнам и да ве чувствувам како слуги.
  • Немојте да дозволите моите лоши навики да го обвземат целото ваше внимание. Тоа ме охрабрува така да продолжам.
  • Немојте да ме корегирате пред други. Ќе бидам многу повнимателен ако со мене разговарате тихо и насамо.
  • Немојте за моето однесување да дискутирате за време на кавга. Не знам зошто тогаш слабо слушам, а не сум склон на соработка. Во ред е да се превземат неопходните мерки, но дискусијата одложете ја за подоцна.
  • Немојте да правите да имам чувство како моите грешки да се всушност гнев. Морам да научам да грешам, а и покрај тоа да не се чувствувам злобен.
  • Немојте постојано да ми приговарате. Ако тоа го правите ќе морам да почнам да се правам глув. Немојте постојано да барате објаснувања за моето однесување. Понекогаш навистина не знам зошто нешто сум направил.
  • Не ја потценувајте мојата чесност. Можам лесно да почнам да лажам.
  • Немојте да заборавите дека сакам да експериментирам. Јас така учам, па ве молам да бидете трпеливи.
  • Немојте да ме штитите од последиците. Морам да учам и од сопственото искуство.
  • Не посветувајте преголемо внимание кога сум полесно болен. Може да почнам да уживам во лошо здравје, ако ми овозможува големо внимание.
  • Не одбивајте да ми одговорите кога барам одговори на нормални прашања. Ако ме одбивате, ќе видите дека ќе престанам да ве прашувам, а информациите ќе ги барам на друго место.
  • Немојте да ми одговарате на смешни или бесмислени прашања. Ако ме одбиете, ќе видите дека само сакам да се занимавате со мене.
  • Немојте да ми кажувате дека сте идеални и непогрешливи. Со такви луѓе тешко е да се живее.
  • Немојте моите стравови да станат ваша тегоба. Тогаш уште повеќе ќе се исплашам. Покажете ми дека сте храбри.
  • Немојте да заборавате дека не можам да пораснам без многу разбирање и поддршка: заслужената пофалба знае некогаш да изостане од ваша страна, ама критиката никогаш.
  • Третирајте ме како свој пријател, па и вие ќе бидете мои пријатели.
  • Запомнете: повеќе учам од примери отколку од критики.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement